• петок, 05 декември 2025

Новиот број на списанието „Комун@“ посветен на црногорско-македонските односи

Новиот број на списанието „Комун@“ посветен на црногорско-македонските односи

Скопје, 12 септември 2025 (МИА) - Од печат излезе 52-от број на списанието „Комун@“ кој е целосно посветен на црногорско-македонските односи.

Како што соопшшти Здружението „Диван“,  во уводникот насловен „Простори на трајна поврзаност“ Васил Тупурковски, поранешен член на Претседателството на СФРЈ и претседател на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, пишува за пријателските и братски односи меѓу Црна Гора и Македонија.

Текстови во овој тематски број пишуваат: Иван Јововиќ, претседател на Матицата црногорска, Илија Велев, Ферид Мухиќ, Зеќир Рамчиловиќ, Амер Рамусовиќ, Жељко Рутовиќ, Салко Лубодер, Самир Радончиќ, Драшко Дошљак, Александар Спасов, Филип П. Јовановски, Саша Радуновиќ, Срѓа Матиновиќ, Драган Б. Перовиќ, Миле Миќуновиќ, Мирољуб Орландиќ, Анка Перовиќ Радовиќ, Предраг Николиќ, Драгана Ерјавшек, Пеѓа Николиќ, Ријалда Рамусовиќ, Ружица Батковска Грубач, Нела Савковиќ Вукчевиќ, Вилдан Рамусовиќ, Дејан Лукиќ... Во списанието е објавен и и расказ на Димитар Пандев за црногорскиот лингвист Васо Томановиќ. хс/вј/

Фото: Здружение „Диван“

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан