• среда, 25 декември 2024

Новини во работата на МНД-Битола

Новини во работата на МНД-Битола

Битола, 9 ноември 2022 (МИА) - Новоизбраното раководство на Македонско научно друштво, МНД-Битола најави новини во програмските активности што ќе ги реализира во претстојниот две годишен мандатен период.

Според универзитетскиот професор д-р Невена Груевска, која е реизбрана за претседателка, како и според новоизбраниот потпреседател на друштвото, м-р Николче Трајчески, програмата за работа ќе се темели на активно учество на потврден ресурсен потенцијал, а ќе има и новини.

-Новина во функционирањето на МНД - Битола ќе биде формирањето на Академски Совет во кој членовите ќе имаат советодавна улога. Советот е консултативно тело во кое ќе членуваат исклучиво членови на МНД - Битола и тоа поранешни претседатели на МНД - Битола, членови на МАНУ, ректори или проректори, како и декани и продекани кои воедно се членови на Друштвото, посочи Груевска на прес конференција во Битола.

Македонско научно друштво-Битола утревечер ќе го одбележи Светскиот ден на науката за што се подготвува изложба на книги чии автори се членови на МНД-Битола, а ќе биде поместена во фоајето на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола. мт/дма/

Остани поврзан