• вторник, 24 декември 2024

Новинарка на Радио Слободна Европа загина при напад врз Киев

Новинарка на Радио Слободна Европа загина при напад врз Киев
Киев, 29 април 2022 (МИА) - Украинските спасувачи денеска го извлекоа безживотното тело на продуцентката на Радио Слободна Европа, Вира Хирич од под урнатините на зграда во Киев, што беше погодена од проектил. Во соопштението на Радио Слободна Европа се наведува дека Хирич работела во нивната редакција во Киев од февруари 2018 година, а починала вчера откако руска ракета ја погодила зградата во која живеела. Претходно, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека две експлозии го потресоа централниот дел на Киев откако руските сили вчера го нападнаа главниот град на Украина. Првично беше соопштено дека во овој напад се повредени најмалку 10 лица, но Кличко истакна дека денеска е пронајдено едно тело во урнатините. ми/

Остани поврзан