• среда, 25 декември 2024

Новинари на ВоА и на РСЕ биле шпионирани со Пегаз

Новинари на ВоА и на РСЕ биле шпионирани со Пегаз
Вашингтон, 21 јули 2021 (МИА) - Американската Агенција за глобални медиуми (УСАГМ) е револтирана од извештаите дека повеќе од 180 новинари, вклучително и од Гласот на Америка (ВоА) и од Радио Слободна Европа (РСЕ), наводно биле цел на софистициран шпионски софтвер од воена класа, соопшти УСАГМ. - Следење приватни разговори на новинари на кој било начин е неприфатливо. Оваа злоупотреба мора да престане, а новинарите мора да бидат заштитени, истакна рече вршителот на должноста директор на УСАГМ, Келу Чао. Истрагата на медиумскиот конзорциум наречен „Проект Пегаз“ откри дека шпионски софтвер наменет за владите да ги следат терористичките активности бил користен за обид за хакирање на паметни телефони на новинари, активисти за човекови права, директори на компании и владини службеници. Алатката за шпионирање, наречена Пегаз, е развиена од израелската компанија НСО Груп. Вашингтон пост, кој е дел од конзорциумот, објави дека меѓу новинарите кои биле цел на софтверот има и неколкумина од Гласот на Америка. Во новиот извештај на Проектот за известување за организиран криминал и корупција, кој исто така е дел од конзорциумот, се истакнува дека азербејџанската Влада го користи софтверот Пегаз за да шпионира стотици локални активисти и новинари, вклучително и петмина сегашни и поранешни дописници на РСЕ. ми/  

Остани поврзан