• понеделник, 23 декември 2024

Нова фекална канализација на улица „Радушка“ во Ѓорче Петров

Нова фекална канализација на улица „Радушка“ во Ѓорче Петров

Скопје, 5 април 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска изврши увид во градежните активности за поставување фекална канализација на крак 4, проект кој најавува наскоро заокружување на целосната реконструкција на улицата „Радушка“ во Дексион, информираат од Општина Ѓорче Петров.

Изведбата на фекалната мрежа во должина од 740 метри е со средства од Буџетот на Општина Ѓорче Петров во износ од 6 милиони денари.

На увидот присутни биле и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник од ИЕ 2 Владо Мисајловски, како и Бојан Стојаноски и Габриела Калкова, кандидати за пратеници од ИЕ 2 од ВМРО-ДПМНЕ.

-Локалната власт во овој мандат имаше разбирање за проблемите на граѓаните од овој дел на општината, кои долги години бараа санација на улица „Радушка“ и подземната инфраструктура и веднаш излеговме во пресрет со работа на терен. Во изминатите две години, поставени се фекална канализација во должина од 1.400 метри и атмосферска канализација во должина од 1.091 метри, а на оваа улица работиме и на реконструкција на краци, како и на изградба на нови тротоари и улично осветлување, информирал Стојкоски.

Неодамна, додал, стартувавала нова градежна офанзива - со отпочнување реконструкција на патот од последната автобуска станица „5 “ до гробишта во должина од 470 метри. Проектот е во вредност од приближно 17.400,000 денари, а во завршна фаза е изборот за најповолен понудувач за финалната трета фаза во должина од 1.200 метри. 

Преку Развојната програма, општината има обезбедено и финансии во вредност од 30.000,000 денари за доизградба на преостанатиот дел од ул. „Радушка“ од патот за гробишта до улица „4 Јули“ во должина од 1.091 метри. Тоа ќе биде последниот градежен чекор со кој целосно се завршува процесот на реконструкција на една од најстарите улици во Ѓорче Петров. сст/дма/

 

Фото: Општина Ѓорче Петров

Остани поврзан