• среда, 27 ноември 2024

Нова терапија против зависности и депресија

Нова терапија против зависности и депресија

Брисел, 3 јyли 2024 (МИА) - Тим предводен од белгискиот Универзитет во Лувен открил потенцијално револуционерен начин за лекување зависност и депресија, објави белгискиот портал „Фокус“.

Научникот Пјер Василијадис изјави дека е пронајден начин на стимулирање на стријатумот - дел што се наоѓа длабоко во сивата материја во мозокот, и тоа без операција или вградени уреди во мозокот, односно на неинвазивен начин. Техниката што ја користат научниците е насочена кон стимулирање на тн. транскранијална темпорална интерференција.

Тоа може да влијае на бројни непријатни состојби како што се депресија, зависност од дрога и всушност секоја друга состојба за која делот за задоволтво во мозокот има клучна улога. За тоа служат два пара електроди што се поставуваат на главата на пациентот и испраќаат слаби електрични бранови низ мозокот на две различни фреквенции. Разликата меѓу овие фреквенции всушност го стимулира засегнатиот дел од мозокот.  си/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан