Нова пратка на возила од БРАКО испорачана за Обединетото Кралство
Шест возила за одржување на хигиена во урбани услови, кои се произведуваат во капацитетите на БРАКО во Велес, се упатија во посебна пратка кон Обединетото Кралство.
Овој мини контингент се состои од по две возила тип GM400ze и GM636, но особено се издвојуваат две возила тип GM424.
GM 424 се лесни за одржување на хигиена во урбани услови, и особено се флексибилни за манипулирање низ малите градски улички, кои ги има секоја метропола, особено во нејзиното централно подрачје.
Овие возила имаат и дополнителна приколка, со кабина за лицето кое ги управува, со што возилото може непречено да се користи и во услови на дожд и постудено време, кое е и карактеристично за дел од градовите во Обединетото Кралство.
Британските клиенти се задоволни од квалитетот, ефикасноста и ефективноста на возилата на БРАКО и продолжуваат да доставуваат нарачки, а вработените во БРАКО вложуваат максимални напори и професионализам за возилата да се произведат и испорачаат навреме, а понекогаш и пред предвидениот рок.
_____________________________________________
MИА - ОТС Комерцијални соопштенија
Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.