• вторник, 24 декември 2024

Нова поетска книга на академик Влада Урошевиќ на руски јазик

Нова поетска книга на академик Влада Урошевиќ на руски јазик

Скопје, 7 јули 2023 (МИА) - Реномираната руска издавачката куќа Центар за книга „Рудомино“ обjави нова поетска книга на академик Влада Урошевиќ по повод неговото прогласување за добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година.

Книгата насловена „Jужна sвезда“ содржи над 200 песни создадени во текот на неговото шеесетгодишно книжевно творештво. Според жанрот, тие се досетливи нацрти, новели, балади, полни со афористички хумор и со самоиронија.

„Jужна sвезда“ излегува по збирката „Пеjач во кулата“ за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби највисоката руска награда за поезија „Златен витез“.

Автор на овоj проект е Олга Панкина, коjа ги состави и преведе двете поетски книги проследени со исклучителни колажи на Влада Урошевиќ.

Влада Урошевиќ им е познат на руските читатели не само како поет, туку и како прозен автор, благодарение на преведените романи од страна на Панкина. Тоа се - „Невестата на змеjот“, „Барајте го гавранот“ (“Дива лига“) и „Маџун“, расказите „Сабја“, „Кукла“, „Вишнев ликер“ и други. мд/

Остани поврзан