• среда, 29 јануари 2025

Нова опрема за велешкото ООУ„Св. Кирил и Методиј“

Нова опрема за велешкото ООУ„Св. Кирил и Методиј“

Велес, 28 јануари 2025 (МИА) - Во второто полугодие наставниците и учениците од Основното општинско  училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Велес ќе можат да учат и да се служат со нови компјутери, принтери, паметни табли и останата опрема која им беше потребна. Средствата за набавка од Општина Велес беа обезбедени пред крајот на 2024 година, информира градоначалникот Марко Колев.

-Со тоа уште еднаш се даде приоритет на квалитетот на образованието во Општината. Инвестициите во образованието се инвестиции во иднината, потенцира Колев.

Како што информира за МИА, Маја Јовановска директор на ООУ„Св.Кирил и Методиј“ од Велес со средства од Општина Велес набавени 14 нови компјутери со што целосно е опремен школскиот кабинет по информатика, а сите наставници во училиштето добија нови лап топи. Воедно во сите училници во училиштето се поставени инвертар клими и принтери, а во 10 училници и паметни - смарт табли. Набавени се и спортски реквизити, како и 950 лектири и книги за училишната библиотека.

-Со новата опрема во многу ќе се подобри изведувањето на наставата, потенцира Јовановска. ад/дма/

 
Фото: Општина Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан