• вторник, 24 декември 2024

Нова награда за „Бизнисот на задоволството“ во Уругвај

Нова награда за „Бизнисот на задоволството“ во Уругвај

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски се закити со десетто признание на меѓународните филмски фестивали во светот. Овојпат наградата доаѓа од фестивалот „Сине дел Мар“ во Уругвај и е адресирана на Дејан Ѓошевски кој стои зад продукцијата на дизајн.

-Уште една убава вест. Дејан Ѓошевски е добитник на специјална диплома (special mention) за продукција на дизајн во Уругвај. Славиме 10 награди, пишува на официјалната Фејсбук страница на филмот.

Како што информира Цветановски, „Бизнисот на задоволството“ досега доби три награди за најдобар филм во Јужна Америка, а во септември ќе ја има и својата бразилска премиера на 32. „Еко Сине Интернешнал Филм“ во Сао Паоло.

Македонската публика ќе има можност да го гледа филмот од септември во кино салите.

„Бизнисот на задоволството“ следи приказна на новинарка која, опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола. Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.Финансиран е од Агенцијата за филм. мч/дма/

фото: Гоце Цветановски 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан