• вторник, 24 декември 2024

Нова кредитна линија со грант од 15% на ПроКредит Банка и ЕБРД за поддршка на малите и средни претпријатија

Нова кредитна линија со грант од 15% на ПроКредит Банка и ЕБРД  за поддршка на малите и средни претпријатија
Продолжува успешната соработка на ПроКредит Банка и Европската банка за обнова и развој, со проширување на кредитната линија со грант за дополнителни 2 милиона евра за поддршка на малите и средни претпријатија. ПроКредит Банка, како докажан партнер на бизнисот  ќе ги искористи средствата од кредитната линија за своите клиенти, мали и средни претпријатија како поддршка за намалување на негативните ефекти врз бизнисот, предизвикани од Ковид пандемијата, како и за инвестиции и проекти за „зелени технологии“, согласно европските стандарди и регулативи. „Соработката со ЕБРД и новата кредитна линија со грант, се во линија со нашата корпоративна филозофија и настојувања за придонес во развој на оддржливи бизниси во нашата земја. Ова е уште еден чин на потврда на нашата посветеност кон сегментот на мали и средни претпријатија. Веруваме дека нашите клиенти ќе ја препознаат оваа одлична можност за развој на своите бизнис активности во пост-пандемискиот период, но и за нови инвестиции во „зелени технологии“ кои значат подобра иднина за сите.“, изјави г-ѓа Емилија Спировска, Член на Управен Одбор во ПроКредит Банка. Една од главните придобивки за малите и средни претпријатија кои ги исполнуваат критериумите за финансирање преку оваа кредитна линија е можноста за грант во висина до 15% од вредноста на доделениот кредит. Уште од нејзиното осоновање во 2003, ПроКредит Банка е стратешки партнер на ЕБРД во Северна Македонија. ПроКредит Банка е една од најголемите бизнис банки во земјава, со пазарно учество од 25% во сегментот на мали и средни претпријатија, препознаена по иновативните решенија и имиџот на целосно дигитална банка која постојано имплементира нови, напредни технологии. Повеќе информации за новата кредитна линија може да дознаете на http://pcb.com.mk/.     _____________________________________________   MИА - ОТС Комерцијални соопштенија   Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан