• сабота, 28 септември 2024

Нова канцеларија на управни служби на МВР во Јегуновце

Нова канцеларија на управни служби на МВР во Јегуновце

Јегуновце, 20 септември 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Полициското одделение во Јегуновце каде присуствуваше на отворање нова канцеларија на управните служби на МВР, која ќе функционира во рамки на одделението.  Жителите на руралната Општина Јегуновце ќе може во таа канцеларија да отпочнат постапката за издавање на патни исправи, една смена од понеделник до петок.

- Во наредниот период ќе следат уште најмалце на две локации, каде што заедно со барања на жителите а каде што имаме услови ќе отвориме нови нови управни служби се со цел да ги растеретиме постоечките. На пример, да речеме претходно овде гужвата се ствараше во рамки на управни служби Тетово. Сега граѓаните од Општина Јегуновце ќе може да се пристапат и да си подигнат патна исправа, лична карт, возачка дозвола сите оние документи во рамки на полициската станица којашто се наоѓа во општина Јегуновце, рече Тошковски.

Министерот Тошковски нагласи дека отворањето на канцеларијата е дел од посветеноста на ова раководство на МВР да ги доближи своите услуги поблиску до граѓаните за кои истите и се наменети.

- Само со доближување на услугите кои се наменети за граѓаните, вистински ќе го унапредиме квалитетот на животот и работењето на граѓаните. Од денес над 12.000 жители од Јегуновце, селата и месните заедници коишто гравитираат во општината ќе можат побрзо да дојдат до својот личен документ или услугата која им е потребна од управните служби. Ние како раководство на МВР и Влада сме посветени на унапредување на сите процеси кои услугите на државата ќе направат дигитални и поблиски до граѓаните,  нагласи министерот Тошковски.

Тошковски рече дека бил информиран за набавката на нов агрегат и ново знаме за полициското одделение, нешто што недостигало при неговата посета пред неколку месеци. 

Тој уште еднаш потсети дека гужвите кои се создаваа со промена на личните документи со новото уставно име се минато и потсети дека рокот на возачките дозволи со старото уставно име е до 31.12.2024  и ги повика граѓаните кои досега не ги замениле да го направат тоа во утврдениот рок.  ас/цр

Фото: МВР 

Остани поврзан