• сабота, 06 декември 2025

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Скопје, 11 јули 2025 (МИА) - Турската компанија „Чагатај Кабло“ денеска во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје постави камен-темелник на својата нова фабрика во која ќе бидат отворени до 200 нови работни места. 

Инвестицијата е шест милиони евра, а објектот ќе се протега на потвршина од 10 илјади метри квадратни. 

Според премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот на новата фабрика, оваа нова инвестиција на „Чагатај Кабло“ е потврда дека владините политики се добри и државата се движи во вистински правец. 

- Секој ваков почеток не е добар само за компанијата, туку и за локалната заендица, националната економија и за иднината на секој млад човек кој сака да остане тука. Вградуваме уште еден темелна економска доверба, јасен сигнал дека кога институциите се посветени, успехот неминовно доаѓа, рече Мицкоски. бак/вг/

Фото: Принтскрин

 

 

 

Остани поврзан