• петок, 27 декември 2024

Нова водоводна мрежа во Општина Ѓорче Петров

Нова водоводна мрежа во Општина Ѓорче Петров

Скопје, 17 јуни 2021 (МИА) - Нова водоводна мрежа се поставува на улицата „Алексо Демниевски“ и краците на самата улица (од крак 1 до крак 29) во Општина Ѓорче Петров во должина од 1500 метри со полиетиленски цевки и дијаметар од 90мм. Инвестицијата за изведување на оваа мрежа изнесува околу 6.000.000 денари.

Увид на работните активности за изведба на новата водоводна мрежа на ул. „Алексо Демниевски“ вчера извршија генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Душко Весковски заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски. - „ЈП Водовод и канализација“ – Скопје континуирано работи на подобрување на водоводната и канализационата мрежа во градот Скопје, а со тоа и на подобрување на услугите за граѓаните. Со поставување на новата мрежа на ул. „Алексо Демниевски“, која се изведува во соработка со Општина Ѓорче Петров, се оформува циркулационен прстен, односно спојување на досега слепите краци на постоечката мрежа со што ќе се подобри водоснабдувањето за корисниците во овој дел од градот Скопје, истакна Весковски.фф/скс/

Остани поврзан