• сабота, 23 ноември 2024

Новата фабрика на Форд ќе произведува 500.000 електрични камиони годишно

Новата фабрика на Форд ќе произведува 500.000 електрични камиони годишно

Њујорк, 26 март 2023 (МИА) - Новата фабрика на Форд во Западен Тенеси ќе може да произведува до 500.000 електрични пикапи годишно со полн капацитет, објави компанијата.

Американскиот производител на автомобили во септември 2021 година соопшти дека ќе изгради фабрика за батерии на локација од 1,46 илјади хектари во Стентон, североисточно од Мемфис.

Изградбата на локацијата BlueOval City започна минатата година. „Форд“ соопшти дека планира да започне со производство на електрични камиони од втората генерација со „коден назив Проект Т3“ до 2025 година, пренесува SEEbiz.

Фабриката за склопување и фабриката за батерии на Форд, управувана од заедничко вложување наречено BlueOvalSK, ќе вработи околу 6.000 луѓе, со инвестиција од 5,6 милијарди американски долари, соопштија претставници на компанијата.

BlueOvalSK, исто така, ќе изгради две фабрики за батерии во Глендејл, Кентаки, со инвестиција од 5,8 милијарди американски долари. Се очекува со проектите да се отворат околу 10,8 илјади работни места.

Фабриката во Тенеси ќе произведува возила со неутрален јаглерод со користење на обновлива енергија.

Некои од руралните окрузи во Западен Тенеси кои ја опкружуваат фабриката се надеваат дека тоа ќе помогне во зајакнувањето на нивните економии. ссм/

Остани поврзан