• недела, 29 декември 2024

Новата конзервативна влада на Португалија ги врати државните симболи на своето лого

Новата конзервативна влада на Португалија ги врати државните симболи на своето лого

Лисабон, 4 април 2024 (МИА) – Новата португалска конзервативна влада, во својот прв указ, ги врати хералдичките симболи на официјалното лого, откако нејзините претходници воведоа „поинклузивно и секуларно лого“.

Меѓу симболите се армиларната сфера, рана астрономска направа што ја користеле навигаторите, пет штитови што ги симболизираат муслиманските кралеви поразени од кралот Алфонсо I од Португалија во 12 век и седум замоци што биле повторно заземени од Маврите за време на повторното освојување на Пиринејскиот Полуостров.

Сите симболи се наоѓаат на португалското знаме, а министерот Антонио Леитао Амаро на прес-конференција кажа дека овие симболи се „клучни за нашиот идентитет, нашата историја и култура“.

Минатата година социјалистичката влада воведе поедноставено лого со жолт круг помеѓу зелен и црвен правоаголник. Притоа, владата се осврна на инклузивноста и „визуелната компактност“, што не е практично.

Додека некои Португалци преку социјалните мрежи го поздравија враќањето на старите симболи, други пишуваа дека владата треба да има други приоритети поради зголемените животни трошоци.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан