• вторник, 17 декември 2024

Новак Ѓоковиќ на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“

Новак Ѓоковиќ на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“
Скопје, 1 септември 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски вечерва, во рамки на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград, се сретна со светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ. На средбата присуствуваа и српскиот претседател Александар Вучиќ, како и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ. -Светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, покрај љубовта кон тенисот има уште една пасија, а тоа е виното. Семејството Ѓоковиќ има своја винарија и денес со задоволство поразговаравме за македонското вино кое добро го познава. Убавото вино ги поврзува луѓето, а саемот во Белград е прекрасна можност за поврзување на земјите од регионот, напиша премиерот Ковачевски на својот фејсбук профил. мч/мд/

Тагови

Остани поврзан