Ница натпреварот со Бордо ќе го одигра без публика
- На вчерашниот состанок на Дисциплинската комисија на француската професионална фудбалска лига, одлучено е Ница саботниот дуел со Бордо на домашен терен да го игра без публика поради немирите

Париз, 26 август 2021 (МИА) – На вчерашниот состанок на Дисциплинската комисија на француската професионална фудбалска лига, одлучено е Ница саботниот дуел со Бордо на домашен терен да го игра без публика поради немирите предизвикани од нејзините навивачи на средбата со Марсеј.
Казна доби и кондицискиот тренерот на Марсеј, Пабло Фернандез. Тој е суспендиран од сите професионални функции поради удирање навивач на Ница за време на немирите на теренот.
Ница покрај казната без публика, ќе добие и дополнителни санкции кои ќе бидат утврдени на следниот состанок на комисијата закажан за 8 септември. Тогаш ќе се одлучи и за евентуална казна за Марсеј кој одби да го продолжи мечот кога се смири ситуацијата.
Да потсетиме, на крајот од второто полувреме на натпреварот Ница - Марсеј, настана тепачка на теренот со учество на навивачи и фудбалери. Домашните фанови фрлија шише кон играчот од средниот ред на Марсеј, Димитри Паје. Фудбалерот го фрли шишето назад во публика, по што лутите навивачи истрчаа на теренот. зс/