• четврток, 26 декември 2024

Нинова: Очекувам да се зголеми извозот на бугарска храна во Косово

Нинова: Очекувам да се зголеми извозот на бугарска храна во Косово
Софија, 6 април 2022 (МИА) - Вицепремиерката и министерка за економија Корнелија Нинова се сретна со косовската министерка за економија Артане Ризваноли, јави дописникот на МИА од Софија. Според Нинова, трговско-економските односи меѓу Бугарија и Косово се традиционално добри, но изрази надеж дека може да се направи многу повеќе. - И покрај негативното влијание на пандемијата на Ковид-19 врз економиите, во 2021 година трговската размена меѓу Софија и Приштина изнесува 114,4 милиони евра и е зголемена за 11,4 отсто. Трговското салдо останува позитивно за Бугарија и изнесува 71,3 милиони евра, рече  Нинова на средбата со Ризваноли. Нинова го окарактеризира косовскиот пазар како многу перспективен во различни сектори. Таа истакна дека голем број косовски компании развиваат трговска соработка со бугарските партнери. Нинова смета дека Бугарија во блиска иднина може да има уште пошироко присуство на косовскиот пазар. - Бугарскиот извоз во Косово се очекува да продолжи да расте во наредните години. Ќе се бараат повеќе начини на соработка преку кои бугарските производители на храна ќе можат да влезат на косовскиот пазар со производство на производи за синџири продавници, додаде таа. нк/паг/  

Остани поврзан