• среда, 27 ноември 2024

Нинова: БСП нема однапред да повлекува црвени линии во преговорите за нова влада на Бугарија

Нинова: БСП нема однапред да повлекува црвени линии во преговорите за нова влада на Бугарија
Софија, 14 ноември 2021 (МИА) – Малиот одѕив на изборите два во еден е многу силно ѕвоно за сите граѓани на Бугарија, како и за недовербата и апатијата. Ова е проблем за сите нас, изјави лидерката на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Корнелија Нинова на брифингот по денешните парламентарни избори во Бугарија. Според неа, како што јави дописникот на МИА од Софија, тешкото почнува од утре. Таа откри дека партијата ќе отворена за дијалог, но предупреди дека додека ќе се водат преговорите, нема да има време да се усвои буџетот за 2022 година. Нинова истакна и дека БСП ќе вложи огромни напори во однос на политиките за здравството и за енергијата. За Нинова на прво место се програмите и политиките на партиите кои ќе бидат повикани на разговори. Таа додаде дека 92 отсто од членовите на БСП го поддржале Румен Радев за втор мандат како претседател на Бугарија. - Мислам дека тоа му донесе позитивен резултат, истакна Нинова. Таа додаде дека БСП не разговарала за нејзина оставка по освоеното четврто место на парламентарните избори. Според Нинова дополнително ќе се разговара во партијата за евентуалните коалициски партнери на БСП и оти нема потреба предвреме да се цртаат црвени линии. нк/ми/

Остани поврзан