• среда, 11 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ник Нерс прогласен за најдобар тренер во НБА лигата

Ник Нерс прогласен за најдобар тренер во НБА лигата
Орландо, 22 август 2020 (МИА) – Предводникот на Торонто репторс, Ник Нерс е прогласен за тренер на годината во НБА за сезоната 2019/20. Клубот од Каната предводен од Нерс заврши на второто место во лигата со 53 победи на 72 натпревари и клупски рекорд со 73,6 проценти успешност. По продолжувањето на регуларната сезона прекината поради пандемијата на коронавирус во март, Репторс победија седум од осум одиграни натпревари. Во плејофот Торонто води против Бруклин со 3:0 и е на една победа од пласман во конференциското полуфинале. зс/

Остани поврзан