• четврток, 26 декември 2024

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Скопје, 25 ноември 2024 (МИА) – Никој не отворил такво прашање дека може без Албанците. Никој не го оспорува тоа, за да одговориме, вели првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, прашан како ја коментира изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети од Швајцарија дека „без Албанците, ќе нема иднина за Македонија“.

Во однос на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за поддршка од повеќе земји членки на идејата за уставни измени со одложено дејство, и дали во Владата се разговара околу тоа, Меџити рече, дека тоа е потврда дека Владата е европски ориентирана и е во врвот на приоритетите. 

-   Секојдневно работиме во таа насока. Јас сум оптимист дека сме на прав пат, изјави Меџити, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на индустриската зона Визбегово. 

Во однос на новоизбраното раководство на СДСМ, Меџити им посака успех со започнатите реформи и како што нагласи, „да се придржат до тоа што е својствено на нивните политики“. 

-   Од граѓански концепт, во последно време забегаа во националистички и тврди ставови, што мислам дека не им оди во прилог. Така да, посакувам да се вратат на своите определби и да придонесат во општеството, изјави Меџити. аа/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан