• понеделник, 23 декември 2024

Николоски: Со претседателката имаме ист став дека ни треба нов закон за урбанистичко планирање

Николоски: Со претседателката имаме ист став дека ни треба нов закон за урбанистичко планирање

Скопје, 19 август 2024 (МИА) - Министерот за транспорт и врски Александар Николоска го реафирмира ставот за изработка на нов закон за урбанистичко планирање, со учество на претставници на невладините организации кои што имаа редица реакции на измените на постојниот закон што по скратена постапка беа изгласани минатата недела.  

-Кажав дека дефинитивно ни треба нов закон. Предлагам хетероген состав во којшто ќе учествуваат претставници на различни невладини организации коишто се засегнати за да изработиме целосно нов закон за урбанистичко планирање, така што со претседателката имаме целосно ист став по однос на ова прашање, рече денеска Николоски на новинарско прашање, откако  претседателката Годана Сиљановска минатата недела најави дека ќе го потпише указот за прогласување на законските измени, но повика што поскоро да почне подготовка на нов закон со учество на опозицијата и невладините организации.

Власта тврди дека главна причина за измените е поедноставување на процедурите за носење на плановите за реализација на објектите што ги планираат општините со средствата што ќе ги добијат од пакетот од 250 милиони евра обебзедени со ребалансот на Буџетот. Според граѓанските организации, пак, со измените ќе се овозможи да се носат застарени ДУП-ови чии параметри и мерења нема да одговараат на реалноста и ќе се уништува јавен простор. Сиљановска Давкова во образложението на одлуката за потпис на указот за законот, меѓу другото, рече дека измените биле потребни за општините да добијат средства за проекти но и упати забелешки дека во постапката за носење на законските измени немало амандмани, ниту дискусија од опозицијата. лв/сд/

фото:МИА 

 

Остани поврзан