• сабота, 16 ноември 2024

Николоски: Повисоки плати во кризна година обезбедени за над 72 проценти од вработените во јавниот сектор

Николоски: Повисоки плати во кризна година обезбедени за над 72 проценти од вработените во јавниот сектор
Скопје, 21 јуни 2022
За над 92000 лица вработени во јавниот сектор или 72% од вработените во овој сектор има обезбедено зголемување на платите во оваа година и тоа во време на криза во која сите живеме и се обидуваме да ја надминеме на сите можни начини и мерки. Ова го истакна заменик-министерот за финансии Филип Николоски денеска во Собранието, каде се одвива амандманската расправа по ребалансот на Буџетот за 2022 година.
-Владата на РС Македонија сериозно се грижи за стандардот и на граѓаните на РС Македонија и на сите лица вработените во јавниот сектор. Тоа се потврди во неколку наврати. Имено, пред неколку месеци се донесе Закнот за минимална плата, со кој над 17000, односно поточно 17245 вработени во јавниот сектор добија зголемување до минималната плата. Значи оние што имаа 15.200 денари плата стигнаа до 18.000 денари плата и останатите. Во меѓувреме се договрија уште неколку зголемувања на плати во одредени сегменти, односно сектори, кои опфаќаат голем број вработени лица во јавниот сектор. Најпрво во делот на обраозванието, каде се опфаќаат над 37000 вработени се потврди и се обезбедија средства, од септември да добијат зголемување на платата за 15% . Понатаму во делот на Министерството за внатрешни работи за 12000 вработените лица има обезбедено средства за зголемување на плати за 5%. Во делот на културата каде што се опфатени над 3500 вработени има зголемувања на платоте за 30%. Во делот на судството каде што има вработено над 2600 лица, има зголемување на платите за 15%, вработените во здравството, кај кои веќе неколку години по ред има зголемување на плати за 15% и 20% и оваа година има зголемување од 5%. Тука се опфатени над 20000 лица, истакна заменик-министерот Николоски.
Тој потенцира дека сите овие над 92000 вработени лица во јавниот сектор, односно над 72% од вкупно вработените лица во јавниот сектор имаат или ќе имаат зголемување на плата, додека за останатите лица од јавниот сектор, за кои не е обезбедено или не е договорено зголемување на плата, се оние кои се вработени во јавните претпријатија на државно и локално ниво, каде што одлука за зголемување на плата носат самите претпријатија кои имаат и сопствени буџети, но познато е и на какво ниво се платите во тие сектори.
За останатите 1000 вработени, до вкупната бројка 131 илајда враобтени во јавниот сектор, како што рече заменик-министерот, се оние кои се вработени во регулаторните тела и централната банка, каде имаат сериозно високи плати.
Николоски потенцира дека Владата на РС Македонија се грижи за вработените лица во јавниот сектор и посочи дека на локално ниво каде има 6000 вработени потребна е консолидација пред да се пристапи кон зголемување на плати, бидејќи најголем дел од општините работат со негативни финансиски резултати и повторно на крајот на денот тие се на товар на буџетот.
Министерство за финансии
______________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан