• среда, 25 февруари 2026

Николоски: Отворени се 22 нови авиолинии што ја поврзуваат Македонија со цела Европа

Николоски: Отворени се 22 нови авиолинии што ја поврзуваат Македонија со цела Европа

Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) - Отворени се 22 нови авиолинии што ја поврзуваат Македонија со цела Европа, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во објава на социјалните мрежи споделувајќи мапа со воспоставените нови авиолинии кон Европа од двата домашни аеродрома од 2024 до 2026 година. 

Николоски во објава на „Фејсбук“ истакнува дека силно се развива авиосообраќајот во државата. 

- Аеродромите во државата со сè поголем број патници стануваат лидери во регионот. Продолжуваме во периодот што следува со уште повеќе активности со цел зајакнување на авиосообраќајот - напиша вицепремиерот Николоски. лв/вг/

Фото: Фејсбук на вицепремиерот Александар Николоски 

 

Остани поврзан