• понеделник, 23 декември 2024

Николоски: Најмалку две големи инвестиции во Битола, граѓаните масовно да гласаат за подобра иднина

Николоски: Најмалку две големи инвестиции во Битола, граѓаните масовно да гласаат за подобра иднина
29 октомври 2021 

Битола нема да стане приватна фирма на никого. Изборот во Битола е лесен, на едната страна имаме транзициски банди, а на другата имаме чесен и посветен професионалец и затоа во недела изборот е број 7 и д-р Тони Коњановски, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешниот предизборен собир во Битола.

Николоски истакна дека власта тоа го знае и затоа преку закани и уцени се обидува да ги спречи граѓаните да гласаат

- Тие знаат дека изборот е лесен за граѓаните и мислат дека можат да поткупуваат, да заплашуваат, но само ја покажуваат сопствената беда.  Затоа во недела да излеземе масовно и да не подлегнувате на заканите и притисоците. Тие сакаат да останете дома, да сте разочарани и да мислите дека сите се исти. Не сме исти, ние сакаме да направиме нова иднина која заеднички ќе ја градиме.

Тој посочи дека Битола заслужува да расте и развива бидејќи изминативе години само лоши работи и се случуваат, нема инвестиции, нема грижа за градот, РЕК пропаѓа, а младите се иселуваат и додаде дека тоа мора да се спречи и затоа по победата на локалните избори ќе се работи на рушење на оваа влада.

- РЕК работи на работ, едвај произведува струја, а тоа значи дека Македонија може да потоне во темница и тоа е најцрното сценарио кое може да и се случи на Македонија. Заев и неговата банда ја донесоа на Македонија на ниво дали може да се извршуваат основни животни функции, дали ќе има електрична енергија. Затоа рушењето на владата почнува во понеделник, изјави Николоски.

Тој нагласи дека  ВМРО-ДПМНЕ за Битола ќе работи на отворање на нови работни места, најмалку две големи странски инвестиции и 7 до 10 илјади работни места, силни инвестиции во инфраструктурата, затоа што сега се е во застој, гасификација, топлификација и парно до секој дом, инвестиции во спортот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан