• понеделник, 23 декември 2024

Николов: Против Литванија треба да изгинеме за секоја топка

Николов: Против Литванија треба да изгинеме за секоја топка

Скопје, 19 ноември 2024 (МИА) – Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Кристијан Николов најави максимално залагање на претстојните натпревари со Литванија во квалификациите за Евробаскет 2025.

- Тешко е сега да се прогнозира дали ќе се пласираме на Европското првенство, бидејќи секој натпревар е посебна приказна и не знаеме кој ќе игра, а кој не. Кога Димитријевиќ и Шортс кои играат во Евролигата и кога би биле тие тука, тоа ќе биде друга приказна. Јасно е дека пред себе имаме квалитетен противник кој во претходните два натпревари, неочекувано загуби од Естонија, а беше подобар од Полска, селекција која има обезбедено пласман на Евробаскетот како еден од четирите ко-организатори на европската смотра на кошарката. На нас останува да дадеме се од себе, да изгинеме за секоја топка и да покажеме карактер, а останатото веројатно ќе дојде. Знам дека секој од моите соиграчи ќе извади максимум од своите сили и се надевам на позитивен резултат, изјави Николов.

Македонија против Литванија ќе игра два пати во рок од четири дена.

Првиот натпревар ќе се игра на 21 ноември во Скопје, а вториот, три дена подоцна, во Клаипеда, Литванија. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан