• среда, 25 декември 2024

Николовски – Мизо: Царинската управа важна алка за подобрување на условите за водење бизнис и привлекување нови странски инвестиции

Николовски – Мизо: Царинската управа важна алка за подобрување на условите за водење бизнис и привлекување нови странски инвестиции

Скопје, 27 август 2024 (МИА) - Царинската управа е важна алка којашто треба да овозможи економска трансформација и остварување повисоки стапки на раст преку подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на конкурентноста на економијата. Ова се суштинските заклучоци од денешната средба на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора, Виктор Мизо.

Како што сооштија од царинската управа, на средбата од двете страни билоистакнато дека Царинската управа преку спроведување на реформски мерки и политики треба да придонесе кон привлекување на нови странски инвестиции, проширување на производството и зголемен извоз на производи со поголема додадена вредност. 

Директорот Николовски истакнал дека континуираниот дијалог со компаниите е многу важен се со цел креирање мерки и политики чијашто цел ќе биде видлива и мерлива со зголемена конкурентност на компаниите.

На состанокот било договорено Царинската управа да има редовни средби со компаниите се со цел навремено решавање на клучните прашања, но и унапредување на мерките со економски ефект. сст/са/

фото Царинска управа

 

 

Остани поврзан