• сабота, 23 ноември 2024

Николовски: Субвенција до 90 отсто на струјата за 600.000 домаќинстава со антикризните мерки

Николовски: Субвенција до 90 отсто на струјата за 600.000 домаќинстава со антикризните мерки

Скопје, 16 декември 2023

4 милиони евра дневно, наредните месеци се на располагање кон сите граѓани со деветиот пакет антикризни мерки вреден 622 милиони евра, кој опфаќа и конкретни мерки во делот на енергетиката и поддршка на граѓаните за помали сметки за струја. 

Затоа што СДСМ се граѓаните, и буџетот е од граѓаните за граѓаните. Овие мерки значат силна поддршка за граѓаните и фирмите, особено се добредојдени во услови на продолжени ефекти од енергетската криза. 

90% ја субвенционираме цената на струјата за 600.000 домаќинстава, а субвенционирани сметки добиваат и 63.000 мали потрошувачи. 

Го штитиме стандардот и обезбедуваме предвидливост за малите потрошувачи што се на регулиран пазар затоа што тоа се семјни фирми кои се витална алка во економијата на нашата држава. 

СДСМ обезбеди и финансиската поддршка за домаќинствата со ниски приходи за субвенционирање на сметките за електрична енергија на најранливите граѓани. Со оваа мерка 1.200 денари месечно во следните месеци добиваат домаќинства со ниски приходи, корисници на помош, социјална пензија. 

Дополнително, околу 5.000 ранливи семејства, потрошувачи на струја, добиваат директна финансиска поддршка за покривање на дел од потрошената енергија. 

За поттикнување на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија обезбедена е поддршка од 1.1 милион евра за инвестиции во фотонапонски панели, соларни системи и инсталација на ПВЦ прозори. 

За малите и средните претпријатија обезбедуваме поволно кредитирање преку зелена обврзница за инвестиции во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија . Со СДСМ секој добива повеќе. 

Реални мерки и таргетирана помош кон ранливите семејства, ја поттикнуваме енергетска ефикасност и ја зголемуваме поддршката на компаниите за зелена енергија. Ние во СДСМ сме горди на тоа. 

Немаме инвестции во рајски градини, ниту пак реклами за државните енергетски компании, за нас единствен капитален влог кон кој ги димензионираме мерките е граѓаните да имаат ниски сметки, и да обезбедиме зголемено производство на струја. 

Сите овие мерки и политики се надополнуваат на успешните енергетски политики. Со инвестициите во енергетиката, новите проекти, го зголемуваме домашното производство на енергија за помалку од една година со над 150% раст на инсталираниот капацитет од обновливи извори обезбедени преку поволна клима и олесување на процедурите за зајакнат инвестициски циклус кој дава резлутати: зголемена енергетска незавсиност и за една третина намален увоз. 

Тоа е грижа за сите, и е вистински патриотизам на дело. 

Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ

________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ

 

Остани поврзан