• понеделник, 23 декември 2024

Николовски оствари средба со неговиот бугарски колега, во фокусот зајакнување на соработката во областа на земјоделството

Николовски оствари средба со неговиот бугарски колега, во фокусот зајакнување на соработката во областа на земјоделството

Скопје, 22 јуни 2023 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој во Софија учествува на меѓународниот самит „Зелена транзиција“ оствари средба со неговиот бугарски колега Кирил Ватев.

На средбата, како што соопшти Министерството за земјоделство, двајцата министри разговарале за зајакнување на соработката во областа на земјоделството, а како добра основа е посочен потпишаниот Меморандум за разбирање меѓу двете министерства во делот на имплементација на инструментите за претпристапна помош од ЕУ. 

Двајцата министри разговарале и за оргaнизирање на заеднички земјоделски форум, за заедничка соработка во делот на агродистрибутивниот центар што ќе се гради во Струмица, како и за создавање на бела книга на проекти што бизнис заедниците од двете држави имаат желба да се реализираат. бак/

Фото: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

Остани поврзан