• понеделник, 23 декември 2024

Николовски од Прилеп: Изборите се многу важни, потребна е референдумска излезност

Николовски од Прилеп: Изборите се многу важни, потребна е референдумска излезност
Скопје, 11 јули 2020 (МИА) - Носителот на кандидатската листа на коалицијата „Обнова за Македонија“ во Четвртата изборна единица Александар Николовски ја побара поддршката од прилепчани нагласувајќи дека овие избори се многу важни и потребна е, како што рече, огромна референдумска излезност. -  Потребно ни е на 15 јули да имаме огромна референдумска излезност. Потребно ни е да излезе секој еден од вас, да ги поканите вашите роднини пријатели, комшии сите кои што ги познавате да излезат и да гласаат. Потребна ни е референдумска излезност. Потребно ни е во Прилеп да имаме 75-80 проценти излезност за да е разликата голема. За да е победата голема, за да ја зачуваме Македонија ваква каква што ја познаваме, и да ја поправаме по темелите по кои што е удрена во моментот, истакна Николовски. Оцени дека масовната излезност е клучна за овие избори и оти суштинската разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е што СДСМ сака ниска излезност. Се осврна на тоа дека фамилијата Заеви отвараат фирми во соседна Бугарија, што според него, значи дека се подготвуваат за бегство или за поделба на државата. За регионот на Прилеп, Николовски вети закон за забрана на увоз на тутун пред да се откупи целиот домашен тутун, реализација на автопатското решение Градско, покрај Кавадарци, Прилеп, Битола, грчка граница. бак/см/

Остани поврзан