• вторник, 24 декември 2024

Николовски: Во февруари производството за електрична енергија зголемно за 80 отсто

Николовски: Во февруари производството за електрична енергија зголемно за 80 отсто

Скопје, 12 март 2023 

На еден месец до крајот на грејната сезона дозволете да направам еден пресек на состојбата во енергетиката: рестрикции нема, струја и парно има, а сметките не се зголемени. 
 
Сеењето страв и ширењето на паника за црни сценарија за мрак и лицитирањето со астрономски суми за покачување на сметките, резултираат само со непотребна вознемиреност што ДПМНЕ и опозицијата константно ја емитира кон граѓаните ставајќи ги под стрес со ваквите лажни вести.
 
Потврда за доброто менаџирање на енергетската криза од институциите предводени од СДСМ е фактот дека благодарение на успешните политики, Македонските граѓани добија 80 милиони евра, пари од граѓаните на Европската унија - токму за енергетика.
 
Напредокот во евринтегративниот процес и енергетските политики на Владата  носат бенефит за нашиот народ.
 
Овие пари кои не се кредит, туку се дирекна помош од ЕУ како буџетска поддршка за ублажување на кризата, е поддршка за субвенции на граѓаните за сметките за електрична енергија, поддршка на малите и средни компании за одржување на континуитет на бизнисот, но и за инвестиции на државата за енергетска транзиција, обновливи извори на енергија и зголемена енергетска ефикасност.
 
Претходно нашата држава од Европската комисија доби и 53 милиони евра за три нови проекти: за реновирање на шест хидроцентрали, заокружување на проектот ветерен парк во Богданци и изградба на регионални центри за цврст отпад во Полог, Пелагонија, Вардар, Југо-западен и Југо-источен регион, во соработка со Европската банка за обнова и развој.
 
Еве зошто ние се бориме бескомпромисно за евринтегративниот процес.
 
Покрај поддршката од Европската Унија, како одговорна партија сериозно вложуваме во нови домашни капацитети за производство на електрична енергија.
 
Таквите политики резултираат со зајакнување на енергетската независност и зголемување на домашното производство на електрична енергија што е потврдено и со официјални податоци.
 
Во февруари месец од оваа година, од капацитетите на ЕСМ и ТЕЦ Неготино произведени се вкупно 504.338 MWh електрична енергија, што е зголемување од 80 отсто споредено со февруари 2022 година.
 
Од први јануари 2022 година па се до крајот на февруари оваа 2023 година, инсталирани се 182 мегавати, доминантно од обновливи извори на енергија, нешто што досега се нема случено. Од новите капацитети на обновливи извори може струја да добиваат 8 градови во земјава како што се: Крива Паланка, Тетово, Кочани, Крушево, Охрид, Кратово, Свети Николе, Ресен и Дојран.
 
Ние се грижиме за граѓаните и државата. Продолжуваме со мерки, инвестции и проекти! 
 
Прес-конференција, Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ
 
____________________________________________________________________

 МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: СДСМ

Остани поврзан