• среда, 25 декември 2024

Николиќ со две промени во однос на ЕП во Љубљана

Николиќ со две промени во однос на ЕП во Љубљана
Скопје, 24 август 2021 (МИА) – Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација, Душко Николиќ за настапот на Европското првенство во Финска направи две промени во споредба со дебитантско учество во Словенија. Нови играчи во репрезентацијата се Лука Костиќ и Филип Савовски. Од тимот пред две години ги нема Милков и Андонов. На коректорската позиција ќе биде капитенот Никола Ѓорѓиев, а Ѓорѓи Ѓорѓиев и Филип Деспотовски ќе се менуваат на позицијата техничар. Александар Љафтов, Владо Милев, Стојан Илиев, Лука Костиќ и Васе Михаилов се примачите на црвено-жолтите, Ристо Николов, Филип Маџунков, Филип Савовски и Славе Наковсе нашите средни блокери, а либера Дарко Ангеловски и Филип Николовски. Стојче Арсов, Ефтим Ричлиев и Костадин Ричлиев тренираа со репрезентацијата од собирот на 11-ти јули, беа и на листата на пријателските натпревари, го дадоа својот придонес во подготвителниот процес, но сепак, за свое деби на европските првенства ќе чекаат друга шанса. Македонските одбојкари ќе работат во Скопје до сабота, а потоа ќе патуваат во Тампере каде се во група со домаќинот Финска, Холандија, Турција, Шпанија и Русија. зс/

Остани поврзан