• среда, 25 декември 2024

Николиќ: Горд сум, би му посакал на секој, еден ден во животот да се чувствува како јас сега

Николиќ: Горд сум, би му посакал на секој, еден ден во животот да се чувствува како јас сега

Скопје, 19 февруари 2023 (МИА) – Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Драган Николиќ не ја криеше радоста по освоениот трофеј во купот.

Аеродромци синоќа го победија Феникс со 89:73 и стигнаа до рекордниот 11-ти трофеј во Купот на Македонија.

- Немам зборови за ова финале, сакам да им се заблагодарам за сите на честа во Македонија. Феникс го направи финалето големо, одигра доста добар натпревар овој тим, беше убав и за публиката и за македонската кошарка. Горд сум на клубот, мојот стручен штаб, играчите на прво место, навивачите секако. И ова е само прв наш чекор во оваа сезона, имаме уште две големи цели да оствариме и би му посакал на секој, еден ден во животот да се чувствува како јас сега, изјави Николиќ.

Ова е прв трофеј за Николиќ со МЗТ Скопје, во минатото има куп-титула со Карпош Соколи. зс/

Остани поврзан