• четврток, 04 декември 2025

Никола Божиновски избран за претседател на Советот на општина Бутел

Никола Божиновски избран за претседател на Советот на општина Бутел

Скопје, 12 ноември 2025 (МИА) - Првата конститутивна седница на Советот на општина Бутел, на која беа верифицирани мандатите на новоизбраните членови и избран претседател на Советот се одржа денеска. 

Како што соопштуваат од Општина Бутел, на седницата, Никола Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ со мнозинство гласови бил избран за претседател на Советот на општина Бутел.

-Градоначалникот Дарко Костовски му упати честитки на претседателот на Советот и му посака успешна работа. Воедно, градоначалникот нагласи дека искрено и од сè срце се надева на одлична и конструктивна соработка со Советот на општина Бутел и дека заедно ќе реализираат многу проекти за доброто на граѓаните на општина Бутел, стои во соопштението. ар/дма/


Фото: Општина Бутел 

Остани поврзан