„Ние сме пролет“ активност на Локалниот младински совет на Oпштина Тетово
- Локалниот младински совет на Oпштина Тетово организираше активност со слоганот „Ние сме пролет“. На повик на советот, се формираа групи со средношколци од сите тетовски средни училишта.

Тетово, 29 март 2024 (МИА) - Локалниот младински совет на Oпштина Тетово организираше активност со слоганот „Ние сме пролет“. На повик на советот, се формираа групи со средношколци од сите тетовски средни училишта.
-Како што и самиот слоган кажува „Ние сме пролет“ активностите беа насочени со цел да се одбележи пролетта преку разни форми и перцепцијата на младите за ова годишно време. Учесниците, учениците од средните училишта како и паралеката при ОУ „Лирија“ за деца со посебни потреби се поделија во групи и направија цртежи, напишаа поезија и песни, информираше Елма Шерифи, претседателка на Локален младински совет.
Активностите се одвиваа во паркот кај Шарена џамија. ас/аа/
Фото: МИА