• недела, 22 декември 2024

Нигериската Влада го забрани Твитер

Нигериската Влада го забрани Твитер
Абуџа, 4 јуни 2021 (МИА) - Нигериската Влада денеска ги суспендира активностите на Твитер на нејзина територија, два дена откако социјалната мрежа повлече твит од претседателот Мухамаду Бухари. - Федералната Влада ги суспендираше на неопределено време активностите на сервисот за микроблогови и социјалната мрежа Твитер во Нигерија, објави Министерството за информации. Твитер вчера повлече твит на нигерискиот претседател Бухари поради кршење на правилата на социјалната мрежа. Бухари по серијата напади врз државните служби, претежно во југоисточна Нигерија објави твит во кој напиша дека „ тие што денес лошо се однесуваат“ треба да бидат третирани со „јазик што го разбираат“. Тој алудираше на граѓанската војна во Нигерија 1967 - 1970 година. Нигерискиот министер за информации Лаи Мохамед истакна дека Твитер може да има свои правила, но дека тие не се универзални и оти ако претседателот е загрижен за некоја ситуација, тој треба да има слобода да го изрази такво мислење. ми/

Остани поврзан