• сабота, 23 ноември 2024

Нивото на поголем дел од реките под јулскиот просек

Нивото на поголем дел од реките под јулскиот просек
Скопје, 4 јули 2022 (МИА) - Нивото на поголем дел од реките во земјава се под просекот за месец јули, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. Така нивото на Вардар кај Јегуновце изнесува 32 сантиметри, а таму јулскиот просек е 40 сантиметри, а кај Демир Капија 88 сантиметри. На ова мерно место просекот за месец јули е 93 сантиметри. Под јулскиот просек е и нивото на реката Пчиња, Крива Река, а на одредени мерни места и Струмица и Црна Река. Над јулскиот просек, кој изнесува 125 сантиметри, има реката Црн Дрим кај мерно место Ложани, каде вчера нивото на водата изнесувало 158 сантиметри. Нивото на Дојранското Езеро е во рамки на јулскиот просек, а Преспанското за три сантиметри над просекот за јули. За Охридското Езеро нема податоци за вчерашни мерења на нивоата на водата. сст/дма/  

Остани поврзан