• недела, 01 февруари 2026

Нивото на водата во Охридското Езеро 15 сантимери над месечниот просек

Нивото на водата во Охридското Езеро 15 сантимери над месечниот просек

Охрид, 28 јануари 2026 (МИА) – Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,5 метри надморска височина. Тоа е за 15 сантиметри над просекот за јануари утврден на 693,35 метри надморска височина или 40 сантиметри над дозволениот минимум ( 693,1).

Релативно добрата „кондиција“ на водостојот на езерото се должи на значително подобрената севкупна хидролошка ситуација последица на интензивните врнежи изминатиот период.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, температурата на водата изнесува 6,5 Цалзиусови степени, речиси идентично на месечниот просек (6,8 степени). аб/вг/

фото/МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан