• петок, 06 март 2026

Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри над месечниот просек

Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри над месечниот просек

Охрид, 6 март 2026 (МИА) – Нивото на водата во Охридското Езеро се наоѓа на котата 693,73 метри надморска височина или 24 сантиметри над просекот за март (693,49 мнв).

Водостојот на езерото е значително подобрен споредбено со лани минатата година кога во март нивото на водата во езерото се наоѓаше и повеќе од 30 сантиметри под месечниот просек или неколку сантиметри над дозволениот минимум.

Температурата на водата во езерото изнесува 6,5 степени Целзиусови што е степен постудена од мартовскиот просек.

Добрата „кондиција“ во која се наоѓа езерото кога станува збор за водостојот се должи на интензивните врнежливи периоди што го зафатија регионот изминатите месеци. аб/са/

фото/МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан