Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворање на нова градинка во Кочани
- Во градинката ќе може да се згрижат 114 деца од девет месеци до шест години.
Скопје, 2 јануари 2026 (МИА) - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на отворањето на нова градинка во Кочани.
Во градинката ќе може да се згрижат 114 деца од девет месеци до шест години.
- Објектот „Детелинки“, во состав на јавната општинска установа за деца, детска градинка „Павлина Веліанова" во Кочани, е со нето корисна површина од 1.011,64 м2 и двор од 2.510 м2. Во објектот ќе се згрижуваат сто и четиринаесет (114) деца, од девет (9) месеци до шест (6) годишна возраст, организирани во шест (6) групи, согласно Законот за заштита на децата, информираа од владината прес-служба. бак/са/
Фото: МИА архива