• вторник, 24 декември 2024

Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација 

Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација 

Тетово, 8 мај 2024 (МИА) - Општинската изборна комисија Тетово информира дека во едно избирачко место од вкупно 117 не е почнато навремено гласањето во 7 часот поради нефункционалност на апаратот за идентификација.

Според информациите на Зулќуфли Реџепи, претседател на ОИК Тетово, до 8 часот и 15 минути со гласањето не било почнало, а за тоа како ќе се продолжи, рече дека е пријавено и чека решение од Државната изборна комисија.

Во Општина Тетово за парламентарните избори право на глас имаат 86.550 граѓани, додека за вториот круг за избор на претседател ќе може да изберат вкупно 86.405 луѓе. Од тие бројки вчера имаа прилика да гласаат имаат 54 затвореници, како и 181 лице, како болни и немоќни лица со право на глас. ас/цр

Фото: МИА архива 

Остани поврзан