• петок, 05 декември 2025

Нејмар подготвен за враќање ви репрезентацијата на Бразил

Нејмар подготвен за враќање ви репрезентацијата на Бразил

Сантос, 5 август 2025 (МИА) – Фудбалерот на Сантос, Нејмар, по победата над Хувентуде (3:1) во 18. коло од бразилското првенство забележа дека е подготвен да се врати во репрезентацијата.

На овој натпревар Нејмар постигна два гола.

-Сите ја знаат мојата игра! Се чувствувам добро. Сè зависи од одлуката на тренерскиот штаб на репрезентацијата, изјави Нејмар за „Sportv“.

Триесет и тригодишниот Бразилец постигна шест гола и имаше три асистенции во 17 натпревари на сите турнири оваа сезона. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан