Нехамер: Нова тричлена коалиција е на пат да постигне договор за австриската Влада
- -Ние остануваме на истиот пат како во разговорите со тиркизно-зелената коалиција - ниту побавно, ниту побрзо, иако сега сме тројца, рече Нехамер, алудирајќи на актуелната коалициска влада составена од неговата Народна партија (ОВП) и Зелените, во коалиција за која тој договорот го објави на 1 јануари 2020 година, три месеци по тогашните избори, кои се одржаа на истиот датум како оваа година - 29 септември.
Виена, 30 ноември 2024 (МИА) - Тричлена коалиција е на добар пат до Нова година да постигне договор за формирање на новата австриска Влада, штоп ќе биде формирана по изборите во септември, изјави денеска конзервативниот канцелар Карл Нехамер.
Во интервју за весникот „Стандард“ (Дер Стандард), на прашањето дали неговата цел е владата да положи заклетва на 7 јануари, како и по претходните избори, Нехамер одговори потврдно, но повтори дека разговорите треба да се толку брзи колку што е потребно, но и темелни колку што е потребно, пренесуваат британските медиуми.
-Ние остануваме на истиот пат како во разговорите со тиркизно-зелената коалиција - ниту побавно, ниту побрзо, иако сега сме тројца, рече Нехамер, алудирајќи на актуелната коалициска влада составена од неговата Народна партија (ОВП) и Зелените, во коалиција за која тој договорот го објави на 1 јануари 2020 година, три месеци по тогашните избори, кои се одржаа на истиот датум како оваа година - 29 септември.
Новите коалициски преговори меѓу ОВП, Социјалдемократите (СЈО) и либералниот Неос, со посебни преговарачки тимови за секоја политичка област, започнаа пред помалку од десет дена.
Нехамер предупреди дека патот најверојатно ќе биде долг и „трнлив“ бидејќи партиите мора да ги премостат големите идеолошки разлики за прашања, вклучително и оданочувањето, при што неговата партија и „Неос“ ветуваат дека нема да ги зголемат даноците, додека водечката политика на СЈО е да ги оданочуваат богатите , како и наследството.сд/
фото:МИА архива