• вторник, 24 декември 2024

Нехамер: Да се спречи проширување војната во Централна Европа

Нехамер: Да се спречи проширување војната во Централна Европа
Виена, 23 август 2022 (МИА) - Сега е важно да се направи се војната од источните граници на Европа да не се прошири во централниот дел на континентот, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер на отворањето на Европскиот форум Алпбах. Тој нагласи дека поради тоа е важно на целиот Западен Балкан да му се даде соодветна перспектива. Австрискиот канцелар се заложи за продолжување на преговорите за украинскиот конфликт, додавајќи оти набрзо нема да заврши војната, но дека е неопходно да се одржува контакт со Русија. Тој наведе дека е оправдано да се постави прашањето дали санкциите повеќе ја засегаат Русија отколку ЕУ. ми/

Остани поврзан