• петок, 08 ноември 2024

Нехамер: Австрија го поддржува влезот на Хрватска во шенген зоната

Нехамер: Австрија го поддржува влезот на Хрватска во шенген зоната
Загреб, 23 ноември 2022 (МИА) -  Австрија ќе го поддржи членството на Хрватска во шенген зоната, изјави денеска во Загреб австрискиот канцелар Карл Нехамер, откако неговиот министер за внатрешни работи претходно се спротивстави на проширувањето на шенген зонатаи изрази загриженост дека Виена ќе го блокира пристапот на Хрватска од првиот ден на следната година. - За трите земји ќе се гласа поединечно и само Бугарија и Романија можат да се плашат од австриското вето, изјави Нехамер по средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. - Ќе го поддржиме пристапот на Хрватска во шенген зоната, но ќе бидеме критични кон напорите на Бугарија и Романија, додаде канцеларот. Нехамер посочи и дека во Австрија забележан е влез на околу 100.000 мигранти, од кои 75.000 претходно не биле регистрирани во ниту една земја-членка  на ЕУ. Тој посочи голем број илегални мигранти влегле преку Романија и Бугарија. - Австрија денес се соочува со голем предизвик. Ние сме под огромен притисок поради илегалната миграција, а не ја штитиме надворешната граница на ЕУ, предупреди Нехамер. ми/

Остани поврзан