• сабота, 23 ноември 2024

Неуспешна евакуацијата од Мариупол

Неуспешна евакуацијата од Мариупол
 Киев, 23 април 2022 (МИА) - Украинските власти претходно денеска соопштија дека планираат евакуација на цивили од Мариупол, кој се очекува целосно да падне во рацете на Русија во наредните денови, но се чини дека обидот за евакуација не успеа. Помошникот градоначалник на Мариупол ги обвини руските сили, велејќи дека 200 жители се собрале за да бидат евакуирани, но руската војска им кажала дека може да има гранатирање, пренесува Скај њуз. Русија и Украина се обвинуваат меѓусебно за голем број неуспешни обиди да им помогнат на цивилите да дојдат на безбедно. Претходно оваа недела, Русија тврдеше дека го „ослободила Мариупол“, иако украинските трупи остануваат во комплексот на фабриката за челик Азовстал. ссм/

Остани поврзан