• вторник, 24 декември 2024

„Нетфликс“ освои најмногу „Еми“ награди

„Нетфликс“ освои најмногу „Еми“ награди
Лондон, 20 септември 2021 (МИА) - „Нетфликс“ ги освои највредните статуетки на овогодишните „Еми“ награди. Меѓу нив, британската серија за кралското сeмејство „Круна“ (The Crown) е прогласена за најдобра драма, а „Гамбит на кралицата“ (Queen's Gambit) е најдобра мини-серија. И двете ТВ-серии освоија по 11 награди. Серијата „Тед Ласо“ ги собра одличјата за најдобра комична серија, најдобар главен глумец во комична серија (Џејсон Судејкис), како и женска и машка споредна улога (Хана Вадингам и Брет Голдстејн). ТВ-серијата на стрим-платформата „Епл ТВ плус“ освои вкупно седум „Еми“ статуетки. Оливија Колман и Џош О’Конор од „Круна“ ги освоија телевизиски драмски награди за главни улоги. Колман и О’Конор ги глумеа кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс. Кејт Винслет е прогласена за најдобра актерка, за мини-серијата „Кобилата од Исттаун“ (Mare of Easttown), а Јуан Мекгрегор победи со улогата на моден дизајнер во „Халстон“.  си/

Остани поврзан