• петок, 05 декември 2025

Нетанјаху: Слабоста пред на тероризмот носи само повеќе тероризам

Нетанјаху: Слабоста пред на тероризмот носи само повеќе тероризам

Тел Авив, 2 октомври 2025 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во врска со терористичкиот напад врз синагогата во Манчестер во кој беа убиени три лица, денеска изјави дека слабиот одговор на тероризмот само ќе ги охрабри терористите.

- Израел тагува со еврејската заедница во Велика Британија по варварскиот терористички напад во Манчестер. Како што предупредив во ОН: Слабоста пред тероризмот носи само повеќе тероризам. Само силата и единството можат да го победат, напиша Нетанјаху на X.

Тој додаде дека се моли за брзо закрепнување на повредените и оти „нашите срца се со семејствата на убиените“. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан