• среда, 25 декември 2024

Нетанјаху се предомисли и бара средба со САД, откако ја откажа претходната

Нетанјаху се предомисли и бара средба со САД, откако ја откажа претходната

Тел Авив, 27 март 2024 (МИА) - Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и соопштил на Белата куќа дека сака да го презакаже состанокот што претходно го откажа откако САД се воздржаа од вето на резолуцијата на Советот за безбедност која повикува на прекин на огнот во Газа без услови за ослободување на заложниците, објави Ен-Би-Си, повикувајќи се на американски официјални претставници.

Ен-Би-Си објави дека високи американски функционери работуваат со Израел за да се договорат за датумот кога би можел да се одржи состанокот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот рече дека ја откажува средбата со САД бидејќи  нивната недоследност во гласањето за резолуцијата поддржана од Кина и Русија му даде „надеж на Хамас дека меѓународниот притисок ќе им овозможи да постигнат прекин на огнот без ослободување на заложниците“.

Белата куќа минатата недела ја објави својата намера да им претстави на израелските претставници на состанок алтернатива за елиминирање на Хамас без копнена офанзива во Рафа. ссм/

Остани поврзан